Зеленски: Путин наскоро ќе умре и се ќе биде готово

Клучно е САД да не го извлечат рускиот претседател Владимир Путин од политичка и економска изолација, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Eurovision News.
Изјавата на Зеленски доаѓа откако Русија и Украина се договорија да спроведат делумен прекин на огнот со посредство на САД поради нападите врз енергетската инфраструктура и непријателствата во Црното Море. Во замена, САД се согласија да го прошират пристапот на Русија до глобалните пазари.
„Многу е важно Америка да не му помогне на Путин сега да излезе од оваа глобална изолација. Верувам дека тоа е опасно. Ова е еден од најопасните моменти“, рече Зеленски. Тој тврди дека Путин се надева дека „ќе остане на власт до својата смрт“, но и дека неговите амбиции не се ограничени само на Украина, туку може да доведат до „директна конфронтација со Западот“.
Зеленски ги повика САД и Европа да останат обединети во вршењето притисок врз Путин. „Рускиот лидер се плаши од европско-американскиот сојуз и се надева дека ќе го подели. Путин се плаши и од сопствената смртност“, смета Зеленски.
„Тој наскоро ќе умре, тоа е факт и се ќе биде готово“, додаде тој, според Киев Индипендент. Во изјавата објавена по последната рунда разговори со руските претставници во Саудиска Арабија, САД ветија дека ќе ублажат некои економски ограничувања за Русија како дел од договорот за ограничен прекин на огнот.
Зеленски рече дека ограничениот прекин на огнот во Црното Море е „дефинитивно чекор кон завршување на војната“, но ја истакна посветеноста на Украина за неодреден прекин на непријателствата. „Генерално, бевме подготвени за целосен прекин на огнот“, заклучи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…