Објавено на:

Зеленски се предомисли: Не се сите мостови уништени, ќе преговараме со Русија ако ја вратат ситуацијата како пред 23 февруари

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се уште е отворен за преговори со Русија, но го повтори ставот дека Москва мора прво да ги повлече своите сили на позициите пред инвазијата.

Зеленски денеска во видео обраќање во институтот „Чатам Хаус” во Лондон рече дека предуслов за преговорите е „враќање на ситуацијата на 23 февруари”, ден пред почетокот на руската инвазија.

„Во таа ситуација ќе можеме нормално да почнеме да разговараме за работите”, а Украина би можела да користи „дипломатски канали” за да ја врати својата територија.

Британската влада, клучен сојузник на Украина, смета дека Русија мора да биде потисната од цела Украина, вклучувајќи го и Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

И покрај засилениот напад на Русија врз источниот регион на Украина, Донбас, Зеленски рече дека се уште има простор за дипломатија.

„Сите мостови се уште не се уништени”, рече тој зборувајќи фигуративно.

На прашањето дали Русија наскоро ќе ја преземе целосната контрола над опколениот Мариупол, Зеленски рече: „Мариупол никогаш нема да падне. Не зборувам за херојство или нешто слично. Нема што да падне таму, градот е веќе уништен”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската армија обвинува: Украинците претвораат цивилни објекти…

Руска армија: Украинските нацистички баталјони ги претвораат…

Русија достави 507 тони хуманитарна помош во…

Пет хуманитарни акции беа спроведени од страна…

Путин ги пофали младите Руси за активната…

Младите во Русија се трудат да го…

САД праќаат нова тура воена помош во…

САД се подготвени да и дадат на…

Москва: САД се на работ да станат…

Постојаната поддршка на Вашингтон за Киев за…