Зеленски: Ситуацијата на фронтот е тешка
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека ситуацијата на фронтот е тешка, откако ги слушна извештаите на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски и началникот на Генералштабот, Анатолиј Баргилевич.
„Денеска имав детален и многу долг разговор со началникот на Генералштабот Сирски и началникот на Генералштабот Баргилевич. Повеќе од два и пол часа. Извештаи за секоја наша линија на фронтот, нашите понатамошни можности и конкретни задачи. Многу тешка ситуација“, рече Зеленски во вечерашното видео обраќање до нацијата, пренесува Интерфакс Украина.
Тој нагласи дека најважно е да се изврши притисок врз Русија со сите средства и алатки за што поскоро да се постигне праведен мир за Украина.
„Се што можеме да направиме оваа есен, сè што можеме да постигнеме, мораме да постигнеме. И тоа зависи од сите во украинскиот тим. Сега треба да работиме што е можно повеќе пред средбата во Рамштајн“, заклучи Зеленски.
Тој изјави дека „украинските и американските тимови“ се подготвуваат за состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија, „за да се обезбедат резултати во наредните месеци и на фронтот и на дипломатски план“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Русија ја нападна Украина со над…
Русија изврши над 300 напади со дронови…
Белата куќа најави нова помош за Украина
САД очекуваат да објават нова безбедносна помош…
Групата за одбрана на Украина ќе се…
Следниот самит на групата за одбрана на…
Украинската армија изврши ракетен напад врз селото…
Украинските сили денеска извршија ракетен напад врз…
Зеленски реагираше на потегот на Русија: „Еден…
Кога на Путин му беше доделено руското…