Зеленски со обвинувачка покана до Меркел и Саркози: Дојдете во Буча да видите до што доведе политиката на отстапки

Украинскиот претседател Зеленски ги покани поранешните германски и француски лидери Ангела Меркел и Никола Саркози да дојдат во градот Буча во регионот на Киев по видеото, кое руското Министерство за одбрана веќе го опиша како инсценација и провокација.
„Ги поканувам г-ѓа Меркел и г-дин Саркози да го посетат Буча и да видат до што доведе политиката на отстапки кон Русија“, рече Зеленски.
Претходно, украинските власти и медиумите објавија видео од Буча на кое се гледаат тела како лежат на патот и масовни гробници.
Тој рече дека сите обвинувања против Русија во врска со специјалната операција во Украина ќе бидат разгледани на состанокот на Советот за безбедност на ОН во вторник и има намера да ги информира сите партнери на Киев. Зеленски рече дека сака да создаде посебен механизам за судството, во кој ќе бидат вклучени украински и странски експерти.
Висок руски воен функционер за РИА Новости изјави дека „Западот сака да го претвори Буча во нова Сребреница“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски ги критикуваше Обединетите Нации и си…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска зборуваше во…
Зеленски и Лавров во иста просторијa
Се очекува денес на маргините на Генералното…
(Анализа) Зеленски во Вашингтон на крилјата на…
Деновиве се очекува Зеленски да отпатува за…
Пригожин меѓу 50-те највлијателни Евреи на светот,…
Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа…
(Анкета) Повеќето Украинци сметаат дека Зеленски е…
Според најновата анкета од Фондацијата за Демократски…