Објавено на:

Зеленски јавно го критикуваше Кличко за прв пат од почетокот на војната

t

Во ретко јавно искажано несогласување меѓу украинските лидери, претседателот Володимир Зеленски го критикуваше градоначалникот на Киев дека не ја завршил добро работата во организирањето засолништа за да им помогне на граѓаните кои останале без струја и вода поради руските напади.

Како резултат на руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура, властите отворија илјадници таканаречени „непобедливи“ центри во кои луѓето можат да се затоплат, вода, интернет и телефон.

Во своето обраќање, Зеленски сугерираше дека градоначалникот Виталиј Кличко и неговите соработници не направиле доволно. „За жал, локалните власти не ја завршија добро работата во сите градови. Во Киев имаше особено многу поплаки… Најблаго кажано, треба да се работи повеќе“, рече Зеленски.

„Обрнете внимание, на луѓето во Киев им треба поголема помош, многумина се без струја по 20, до 30 часа. Очекуваме квалитетна работа од градоначалникот“, додаде тој.

Зеленски ги критикуваше и оние кои, како што рече, лажеле во официјалните извештаи, но не прецизираше на што конкретно мисли. Досега се отворени повеќе од 4.000 центри.

Ова се необични изјави бидејќи од почетокот на војната Зеленски се обидува да остави впечаток на национално единство и обично ги пофалува другите функционери.

Од канцаларијата на градоначалникот на Киев Кличко сè уште нема одоговор на овие критики на Зеленски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Опасно е да имаш сосед како…

Косовската претседателка, Вјоса Османи изјави дека „опасно…

Финишираат преговорите за Алијанса во Владата

Преговорите за влез на Алијанса за Албанците…

Кремљ не сака да изнесува детали за…

Кремљ потврди дека рускиот претседател Владимир Путин…

(Фото) Морничаво: Град во Турција целосно срамнет со…

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според…

Скопјанец фатен како пренесува над половина килограм…

Скопјанец е фатен како пренесува над половина…