Зеленски: Ќе го дадам животот за мојата земја – Не давам ни педа територија во замена за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде интервју за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес, која се емитуваше во неделата навечер.
Тој изјави дека нема да даде ниту еден дел од територијата дури и ако тоа е цената на мирот во земјата.
Зеленски рече дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин како дел од преговорите за ставање крај на војната, но на прашањето дали е подготвен да се откаже од кој било дел од Украина за мир, тој рече дека „не е подготвен да се откаже од својата земја“.
Во разговор со новинарот на Си-Би-Ес, Зеленски исто така рече дека никогаш нема да го признае Крим како руска територија и покрај фактот што полуостровот беше припоен кон Русија во 2014 година.
Зеленски рече дека Украинците го бранат правото на живот.
Украинскиот претседател изјави и дека е подготвен да го даде животот за својата земја.
-Не сакам да глумам некако херој. Го сакам моето семејство. Сакам да живеам уште многу години, но меѓу бегството и со мојот народ, секако дека сум подготвен да го дадам животот за мојата земја, рече Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Песков: Изјавите на Зеленски не покажуваат дали…
Украинското водство постојано дава контрадикторни изјави коишто…
Медведев: „Условите на Зеленски се категорични до…
Дмитриј Медведев изјави дека условите што ги…
Зеленски: Ситуацијата во Донбас e навистина многу…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оквалификува ситуацијата…
Зеленски: На истокот дневно гинат по 100…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во…
Путин до Зеленски: Ако продолжите вака Украина…
Путин ја нарече тешка одлуката за специјална…