Објавено на:

ЗЕЛС: Граѓаните да го подмират данокот на имот и да избегнат дополнителни трошоци за присилна наплата

t

ЗЕЛС ги информира граѓаните дека во општините во тек е постапката за доставување на решенијата за данок на имот и решенијата за комунална такса фирмарина за 2022 година.

„Во втората половина на месец април, дел од општините ќе спроведуваат и решенијата за забрана на средства во банка блокади за неплатени решенија за 2019 година, односно за оние даночни обврзници кои три години не ги платиле своите обврски при што сите даночни обврзници кои должат по овој основ можат најдоцна до 15 април да го подмират својот долг по основ на решенија за данок на имот и по основ на решенија за комунална такса фирмарина без дополнителни трошоци.


Ги повикуваме сите физички лица и правни лица кои го немаат пријавено својот имот на подрачјето на општините или промените на имот, да го сторат истото во најкраток можен рок, за да ги избегнат глобите за непријавување на имотот кои согласно измените на Законот за даноци на имот од јули 2021 година, се движат од 300 до 10000 евра за правни лица, од 50 до 500 евра за одговорните лица во правните лица, додека за физички лица глобата за непријавување, односно неподнесување на даночна пријава е во висина до 250 евра, при што за истото следи соодветна прекршочна постапка“ – велат од ЗЕЛС.

Во рамките на законските надлежности на локалната самоуправа, општините вршат надзор и контроли врз сите физички и правни лица, со цел законски, правилно и навремено утврдување на данокот на имот со цел овозможување праведно и правично оданочување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…

Светиот апостол и евангелист Јован Споменот на…

Лукаревска: Не е патриотски да се бараат…

Треба да има лидерска средба, но на…

Унгарија предлага ембарго на поморските пратки руска…

Унгарскиот министер за надворешни работи рече дека…

Борел: Храната ќе станува се поскапа

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, уште…