Објавено на:

Земјите од ЕУ постигнаа целосна согласност за кандидатскиот статус на Украина

t

Земјите од ЕУ постигнаа целосен консензус за доделувањето на кандидатски статус на Украина.

Ова го изјави делегатот на француското Министерство за надворешни работи за европски прашања, Клеман Бон.

Европската комисија во петокот даде препорака Украина и Молдавија да добијат статус на кандидати за членство во Европската унија, а одлуката за тоа лидерите на ЕУ ќе ја донесат на 23 и 24 јуни.

„Разговаравме за подготовката на самитот на ЕУ на 23 и 24 јуни, кој ќе биде посветен на Украина и доделувањето кандидатски статус за ЕУ. Разговаравме за тоа денеска и се покажа дека постои голем консензус, дури би рекол – целосен, да се постигне напредок по ова прашање“, рече Бон.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција загрижена: Војната во Украина може да…

Турција изрази загриженост дека војната меѓу Украина…

Си продолжуваат по старо: Ќе го земеме…

Руската култура ќе биде забранета на Крим…

Маричиќ: Имаме право да бараме временска рамка…

Имаме многу тешки задачи во нашите преговарачки…

Ние важно одиме кон ЕУ: Просечната плата…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, откако најави…