Објавено на:

Земјите членки на ЕУ координирано ги повикуваат руските амбасадори на разговор за анексијата на четирите региони

t

Земјите членки на Европската Унија денеска координирано ги повикуваат на разговор руските амбасадори во нивните престолнини по анексијата на Русија на четирите украински региони.

Ова за ДПА денеска го поврди официјален претставник на ЕУ. Германија го повикала рускиот амбасадор во Берлин, потврди германското Министерство за надворешни работи за ДПА. 

Во министерствата за надворешни работи за понеделник се повикани руските амбасадори во Италија, Австрија и Данска. Во петокот веќе беше повикан рускиот амбасадор во Белгија.

Координацијата се одвива преку Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), инаку дипломатската служба на ЕУ. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ: ЕУ работи на забрзана интеграција на…

Ниту една слабост нема да остане незабележана…

(Видео) Зеленски: Годинава Русија ќе изгуби сто…

Ситуацијата на фронтот е тешка. И покрај…

Медведев: НАТО треба да се покае пред…

НАТО не му е потребен на цивилизираниот…

Русија забрани увоз на јаболка од Македонија

„Росселхознадзор“ од 1 декември воведува привремени ограничувања…

Русија забрани извоз на хеликоптери и беспилотни…

Русија го забрани извозот на беспилотни летала…