Зечевиќ: СДСМ ги препознава историските сигнали и моменти

t

СДСМ како државотворна партија повторно е исправена пред историски предизвици да ја оствари стратешката цел поставена од независноста – целосна интеграција во ЕУ. СДСМ ги препознава историските сигнали и политички моменти на глобалната карта и делува одговорно за македонската иднината, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, на средба со членови и симпатизери на партијата во Могила.

Зечевиќ додаде дека светот и Европа се престројуваат за новото време и колку побрзо сите политички субјекти и чинители во општеството тоа го препознаат и се вклучат во овие процеси кои ги води СДСМ толку подобро за нацијата и државата.

-Принципите на државотворност и национална одговорност врз коишто опстојуваат македонските социјалдемократи во исклучителните историски моменти повторно ја играат клучната улога за иднината на земјата. Европска Македонија мора да биде на иста маса со најголемите прогресивни европски држави и да води заеднички политики. СДСМ го трасира тој пат, ние ги препознаваме сигналите и историските моменти. Овие сигнали мора да бидете препознаени широко, од сите општествени чинители и да се приклучат во овие процеси. Заедно да се подготвиме, да ги поставиме магистралите на новото време, рамноправни со сите нации во големото европско семејство. Тоа е нашата пресвртница за сигурна иднина, со сета своја посебност. Тоа е суштината од исполнувањето на националните интереси, подобар живот и остварен национален сон, рече Зечевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владеачко-политички консензус за милијарда евра од Клинички…

Ќе добие ли некогаш Македонија нов Клинички…

Мециновиќ: СДС и ДПМНЕ се заедно во…

Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ ја коментира…

Каевски: СДСМ успешно менаџира со енергетската криза

Преку одговорен пристап, со навремени и ефикасни…

СДСМ се фалат: За една година отворени…

Мерките и политиките, што ги креира Владата…