Објавено на:

Зимски олимписки игри без снег? Кина ќе спроведува зелени Олимписки игри

t

Кина вети дека ќе спроведе „зелени и чисти“ Зимски олимписки игри, кои започнуваат на 4 февруари.

Организаторите велат дека приоритет е заштитата на автохтоните видови, намалувањето на емисиите на стакленички гасови и намалувањето на искористените ресурси.


Но, имаше критики дека ова ќе бидат први Зимски олимписки игри кои целосно се потпираат на вештачки снег – и дека некои настани ќе се одржат среде природен резерват.
Пекинг вети дека сите места за натпреварување ќе бидат покриени со „висок квалитет на снег“, и покрај тоа што градот имаше само неколку дена снег во последните години.

Во Јанкинг, местото на скијачкиот центар, има само 21 см снежни врнежи годишно – тоа е помалку од Лондон.
Но, само на ова место му требаат повеќе од 1,2 милиони кубни метри снег за олимписките настани. Така наместо тоа, за прв пат ќе се користи 100% вештачки снег.

Процесот на производство на вештачки снег бара ресурси и енергија. Се проценува дека ќе се потрошат 49 милиони галони вода, во регион кој веќе има недостиг на вода.

Ова беше прашање што го загрижуваше Меѓународниот олимписки комитет кога ги оценуваше градовите кандидати за домаќини на Зимските олимписки игри во 2022 година.

Се вели дека „потпирањето на Пекинг на вештачко производство на снег ќе бара пренасочување на водата од постоечките резервоари и може да влијае на другите намени на земјиштето“.

Како одговор на загриженоста, Пекинг инсистира дека водата што се користи за Олимпијадата сочинува помалку од 2% од локалното снабдување со вода. Исто така, се вели дека на снежните топови што се користат имаат потреба од 20% помалку енергија од оние што се користеле во претходните игри.

Меѓународниот олимписки комитет изјави во 2020 година дека „ќе заземе поактивна позиција и водечка улога во однос на одржливоста“.

Сепак, истражувачите од Универзитетот Лафборо во Велика Британија во извештајот оваа недела предупредија: „Од 20 места користени за Зимските игри од Шамони во 1924 година, научниците мислат дека до 2050 година само 10 ќе ги имаат природните нивоа на снежни врнежи за да бидат домаќини на настан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги зафркнавме со санкциите: Русија го зголеми…

Руските енергенси се пренасочуваат во Азија: извозот…

Џипинг: Вистинската демократија во Хонгконг започна по…

Вистинската демократија во Хонгконг започна по неговото…

Кина им сржа на Г7: Не се…

Кина ги повикува земјите од Г7 да…

НАТО ќе ја означи Кина како “системски…

Во новиот стратешки концепт на алијансата, НАТО…

Борис Џонсон сака Г7 да го размрда…

Може да се најде рамнотежа помеѓу заштитата…