Објавено на:

Значително постудено време денес: Очекувајте врнежи од дожд, а на планините од снег

t

Времето денеска ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во јужните и источните делови. Кон крајот на денот врнежите од дожд ќе преминуваат во повремен снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од четири до девет, а максималната ќе достигне од пет до 10 степени.

Во Скопје, облачно и значително постудено со врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до осум, а максималната ќе достигне девет степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. И во понеделник ќе се задржи значително постудено време со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Од вторник наместа ќе има утрински температури под нулата, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АЗЕРБЕЈЏАН И ЕРМЕНИЈА ПРЕД НОВА ВОЈНА: Баку…

Тензиите меѓу Азербејџан и Ерменија за спорниот…

Си го покани Путин да ја посети…

Кинескиот претседател Си Џинпинг, кој е во…

Краделе од модуларната болница: Фатени двајца крадци…

По преземени мерки и активности, полициски службеници…

Пандев: Што да разговарам со Сејдини, кога…

Како и што да разговарам човекот (Муамед…

(Видео) Груби пред ТВ камера прашува луѓе…

Првиот вицепремиер Артан Груби пред телевизиска камера…