ЗНМ: Дефиницијата за навреда не смее да содржи „негативно мислење“

t

Во предлог законот за клевета и навреда, во моменталната верзија, во дефиницијата за навреда се вели дека ќе се одговара и за изразување на „негативно мислење“. Оваа дефиниција е нова и се разликува од постоечкиот закон, а на начинот на кој е дефинирана остава простор за погрешно толкување од страна на граѓанскиот суд на штета на слободата на изразување, ова денеска преку реакција го истакнуваат од Здружението на новинари на Македонија.

ЗНМ бара ова, во дефиницијата за навреда соодветно да се коригира на начин што ќе се врати старата дефиниција од законот од 2013 година која, во тоа време, беше позитивно оценета и од ОБСЕ и Советот на Европа.

„Иако во локалната судска пракса предметите кон медиумски работници се пред се за клевета и речиси да нема за навреда, ваквата дефиниција доколку не се измени може да поттикне во иднина бран на тужби кон новинарите само за искажано мислење што во основа е спротивно со начелата на слободата на изразување и правото на информирање на граѓаните.

Текстот на овој Предлог закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета е во фаза на прво читање во Собранието од јули 2021 година. Истиот текст предвидува значително намалување на нематеријалната штета за новинарите и медиумските работници како барање што ЗНМ претходно го имаше кон Министерството за правда“, стои во нивната реакција до јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се задолжува подобро: Зеленски го менува…

Володимир Зеленски до Врховната Рада поднесе предлог-резолуција…

Општина Центар реагира: Планот е законски, да…

Општина Центар реагира на објавата на граѓанската…

Полицијата врши притисок врз раководството на Левица-Охрид!

Во врска со утрешниот протест против отворањето…

Белата куќа: Погрешна е одлуката на ОПЕК+…

Одлуката на ОПЕК+ да го намали производството…

Битиќи: Ќе биде тешка зима ама ќе…

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи по…