Зошто ОЈО Куманово две години ја чува во фиока кривичната пријава за Максим Димитриевски за „неизвршување на судска одлука“?

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово го повлекло обвиниението против градоначанико на Куманово, Максим Димитриевсаки, за злоупотреба на службената положба и овластување , затоа што во судската постапка што се водеше 15 месеци нело докажи дека кумановски фирми претрпеле штета затоа што навремено не добиле дозвола за градба, соопштија денеска од Обвинителството.
Основното јавно обвинителство во Куманово две години ја чува во фиока кривичната пријава против Максим Димитриевски за неизвршување на судска одлука, дознава Инфомакс.
Од Обвинителството денеска на прашање на Инфомакс потврдија дека има оформен предмет по кривична пријава во врска со неизвршување на судска одлука, меѓутоа истакнаа дека до овој момент нема поднесено обвинителен акт.
Во разговор со адвокатот на оштетените, Божиновски вели дека оваа кривична пријава е поднесена пред две години и не му е јасно што Обвинителството две години оценува, кога е евидентно дека Димитриевски не испочитувал одлуки на Уставен и Управен суд.
– Нејасно е што се уште истражуваат, таму има судска одлука, јасно е дека не ја почитувал одлуката. Не ми е јасно што истражуваат две години. Ова е чист политички притисок, вели Божиновски.
Се работи за судските одлуки кои се приложени како докази во постапката која ОЈО Куманово ја запре, а се однесуваше на злоупотреба на службената положба и овластување од страна на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
Инфомакс претходно детално пишуваше за овој предмет.
Две кумановски компании минатата година поднесоа кривична пријава против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за злоупотреба на службената положба и овластување. Предметот е во завршна фаза, односно последното рочиште требаше да се одржи на 02.06.2025 година, меѓутоа беше одложено за 27.06.2025 година поради отсуство на обвинетиот.
Кумановските фирми „Делукс ауто“ и „Хромак“ тврдат дека претрпеле штета од 55.000 евра, а сега ќе видите и зошто.
Во декември 2021 година на предлог на градоначалникот, Советот на Општина Куманово го донесува Деталниот урбанистички план број 21-5477/2 согласно кој ДУП е предвидено на дел од истиот да се изгради станбено-деловен објект. Компаниите кои му поднесоа кривична пријава на Димитриевски се заинтересирани за една парцела, дел од овој ДУП, за која проектираат инвестиција, односно изградба на седумкатница на таа локација. Компаниите во јуни 2022 година поднесуваат писмено барање за Општина Куманово да им издаде извод од ДУП со намена за градење, како би отпочнале постапка за изградба на објектот.
Дека компаниите се заинтересирани за тааа парцела известен е и градоначалникот Максим Димитриевски.
Службите на Општина Куманово на барателите им го издаваат потребниот извод од ДУП.
Во јуни 2022 година заинтересираните компании одржуваат работен состанок со стручните служби во Општината, на кој состанок е прегледана комплетната документација, посочено е дека се е во ред и може да се поднесе барање за одобрение за градење. Компаниите го поднесуваат барањето за одобрение за градење во јули 2022 година и истото е заведено во системот на Општина Куманово.
Од тука почнуваат и проблемите на инвеститорите. Градоначалникот Димитриевски, ден по поднесувањето на барањето за одобрение за градење, бара да се закаже седница на Советот на Општина Куманово, на која седница Советот носи Одлука за спроведување на површини за градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централното градско подрачје.
Компаниите, во досегашниот судски процес, објаснија дека иако одлуката е општа и се однесува на целиот град, сепак од истата е таргетирана само парцелата на која тие градат седумкатница.
Во врска со овие дејстија на Димитриевски и Општина Куманово, Уставниот суд има донесено две одлуки, Управниот суд има пресуда, а Министерството за транспорт и врски има решение, сите во корист на оштетените компании, кои Димитриевски не ги спроведува и поради тоа му е поднесена кривична пријава.
Согласно кривичниот законик, членот 377:
(1) Службено или одговорно лице кое нема да постапи по правосилна одлука на суд со која е одлучено за враќање на работник на работа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2) Службено лице или одговорно лице во правно лице што ќе одбие да изврши правосилна и извршна судска одлука што е должно да ја изврши, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(3) Ќе се казни со затвор од една до пет години службено или одговорно лице кое ќе одбие да изврши одлука на Уставниот суд на Република Македонија што е должно да ја изврши.
(4) Ако со делото од ставовите (1), (2) и (3) на овој член се предизвикало потешка повреда на правата на друг или значителна имотна штета, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
(5) Службено или одговорно лице или лице задолжено за тоа со судската одлука кое нема да постапи по правосилна судска одлука донесена во постапка за издавање на наредба на заштита на права, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(6) Ако делото од став (1) го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Инаку Обвинителството издаде и соопштение во врска со предметот за кој го повлекоа обвинението против Димитриевски.
Во соопштението, Обвинителството се вели дека надлежниот јавен обвинител од ОЈО Куманово до Основниот суд во Куманово доставил известување со кое го повлекол Обвинителниот предлог кој се темелел на предложените докази, пред се изготвеното материјално-финансиско вештачење во рамките на преземените истражни дејствија, врз основа на кое прозлегувало дека со дејствијата на извршување на кривичното дело, кои се состојат во непостапување по чл.59 ст.11 од Законот за градење, на двете оштетени правни лица им била нанесена заначителна имотна штета во висина од 3.307.869 денари.
„Меѓутоа, по изведување на сите докази во текот на постапката и пред се исказите на вештите лица произлегува дека тие се едногласни дека сега, во услови на веќе издадено Одобрение за градење, штетата наведена во обвинението нанесена на правните лица, поради непостапување по чл.59 ст.11 не постои, па оттука неспорно е дека повеќе не се исполнети законските обележја на кривичното дело кое со поднесеното обвинение се ставаше на товар. За да бидат исполнети законските обележја од наведената квалификација неопходно е да постои нанесена-настапена значителна штета, која во конкретниот случај во услови на издадено одобрение за градење не постои, согласно вештаците. Јавниот обвинител испитуваше и евентуалното сторување на кривично дело со друга правна квалификација, при што уште еднаш темелно ги анализираше сите докази изведени во текот на судската постапка, а предметот по барање на предметниот обвинител два пати беше рефериран и во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Меѓутоа, од сите преземени дејствија се утврди дека не постојат цврсти докази со кои надвор од разумно сомневање би се докажало сторувањето на кое било друго кривично дело кое се гони по службена должност, па јавниот обвинител имаше обврска да го повлече поднесеното обвинение“, велат од Обвинителството.
За адвокатот Виктор Божиновски, застапник на двете фирми одлуката е неочекувана, бидејќи на последното судење во петокот немало најави за такво нешто, и смета дека она што се случуваше на судењата и она што е пишано во одлуката за повлекување на обвинителниот предлог се две различни работи.
„Што точно се случувало во Јавното обвинителство од петок до понеделник ќе треба да прашање таму, бидејќи она што се случуваше на последното судење не укажуваше на тоа дека ќе има повлекување, дури и предметната јавна обвинителка се противеше на предлозите за изведување на дополнителни докази. Во поднесокот што го видов апсолутно не постојат правни причини за повлекување на обвинението. Прво што се наведува е дека од вештачењето на обвинителството и одбраната, како и од исказите на вештите лице, наводно произлегувало дека заради тоа што веќе добиле одобрение за градба немало штета. За да биде појасно на вас и на граѓаните тоа е исто како денеска да скршите нога и после две години кога ќе ви зарасне ногата да кажете ама сега ви е зарасната и нема штета. Ова правно воопшто не држи бидејќи во моментот кога е сторено делото, оштетените потпишале договори со други правни лица, и заради непотпишување на решението за комуналии, не можеле да добијат одобрение за градење во тој момент и сите средства кои ги уплатиле на тие лица пропаднале и апсолутно има штета и тогаш и сега“, вели Божиновски, кој вели дека во негова пракса не се случило такво нешто.
Тој додава дека и другите наводи заради кои е повлечено обвинението не се точни, како што е тоа дека во работата на Општината не одлучувал градоначалникот туку различни сектори и во текот на целата постаката дошло до многу преплетување меѓу Законот за градење, Законот за урбанистичко планирање и Законот за локална самоуправа. Се тврдело дека тој дејствува по дописите на гимназијата и здравствениот дом, а одлуката за сисупензија на ДУП-от ја донел Советот, за кои адвокатот.
Божиновски се сомена дека одлуката е политички мотивирана во пресрет на локалните избори, бидејќи Димитриевски е кандидат за градоначалник на неговата партија за уште еден мандат.
“Некој врз некого има извршено притисок. Јас се сомневам во политички притисок“, вели Божиновски денеска на прес-конференција.
Целата прес-конференција погледнете ја во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Го чека ли Максим Димитриевски затворска казна?!
Две кумановски компании минатата година поднесоа кривична…
Арсовска достави нови докази до ОЈО: Само…
Градоначалничката на Град Скопје објави дека до…
СДСМ: ОЈО пак да го истражува англискиот…
Обвинителството повторно да отвори истрага за сертификатот…
Одземен му е пасошот – Истрага за…
Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…