Објавено на:

Зошто Русија и Украина немаат објавено војна?

t

Русија многу пази официјално цело време војната да ја ословува како „специјална операција“, од друга страна Украина по три недели бомбардирање правно зборува само за воена состојба, пренесува Офнет.

Неделава Зеленски побара од парламентот да изгласа 30-дневно продолжување на воената состојба. При тоа според Законот за одбрана на Украина, претседателот и официјално може да и објави војна на Русија. И покрај ова, Киев се уште има формални односи со Москва.

Андреј Сидоров е декан на Факултетот за светска политика на Московскиот универзитет, и објаснува дека со правното прогласување на војна веднаш се менува статусот на државата.

„На пример, според меѓународен закон забрането е да се снабдува оружје на завојуваните држави. Иако Русија спроведува специјална операција, а Украина воведе воена состојба, ние официјално не сме во војна. А тоа значи дека Западот може легално да го снабдува Киев со против-тенковски ракети,“ објаснува Сидоров.

За рускиот професор постојниот статус и помага на Украина и во однос на имиџот што го има во очите на Европа и САД.

Паралелно со целото војување, бомбардирање и гинење, низ украинските гасоводи и понатаму се пумпа руски гас со полн капацитет, што за Украина, што за Европа. Прогласувањето на војна ќе ја запре испораката на гас, а Украина ќе биде присилена да го национализира рускиот гасовод што минува низ нивна територија. Цената на ова е Украина да ја изгуби поддршката од Западот кој ќе се премрзнува (Русите прогнозираат послаби ветрови периодов, а со тоа и помалку енергија од обновливи извори), а Русија да ги изгуби парите што ги прави од баснословните цени на берза. Моментално преку Украина се испорачуваат 100 милиони кубни метри гас дневно, што е речиси максимумот, за што пак Киев очекува да добие пари од Москва како што беше и пред војната.

Прогласувањето војна значително го менува животот на украинска територија, бидејќи најголемиот дел од постојните закони престануваат да функционираат, а властите на пример ќе треба да почнат да национализираат цивилен превоз.

Стратешки прогласувањето војна против Русија би било погрешно и затоа што тоа ја активира клаузулата од договорот на ОДБК (Организација на Договорот за колективна безбедност) која предвидува дека ако една од членките е нападната тогаш сите треба да помогнат. Моментално членки на ОДБК освен Русија се: Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Ерменија.

Извор: Офнет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рамнодушноста ја убива демократијата: Зошто наместо функционална,…

Зошто наместо функционална, имаме формална демократија?(6.) Политичка…

Скандал – “Кој сака нека им врти”:…

Броевите на мобилните телефони на британската премиерка…

Думата утре ќе пресече: Новите ентитети ќе…

Доњецката и Луганската народна република, Запорожје и…

Бугари “има снемано”: До пладне во Македонија…

До пладне гласале само 15 "македонски Бугари"…

Слаба излезеност на изборите во Бугарија: До…

Излезноста на гласачите на предвремените парламентарни избори…