Иванов: Кога почна конфликтот, генералниот секретар на ОН требаше да биде во Киев, а утредента во Москва

t

Обединетите нации се човечка креација и тие, како и секој организам, кога ќе остарат се соочуваат со немоќ, тромавост, помала ефикасност, изјави Ѓорге Иванов, поранешниот претседател на Македонија кој се обрати на форумот за дипломатија во Анталија кој се одржува под покровителство на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Во своето излагање, Иванов нагласи дека кризата во Украина ја враќа повторно на сцена дебатата за ОН и Советот за безбедност и нивната поставеност во 21 век. Тој потсети дека денешните ОН се резултат на состојбата после Втората светска војна кога победниците биле мудри и храбри луѓе и го започнале тој проект соодветен за тоа време и тие услови.

„Сепак, во денешно време тој проект ја губи својата моќ да воспоставува мир. Можни се три модели на функционирање на ОН. Прво, да останат како што се, второ, да излезат од воспоставениот модел и да се реформираат, и, трето, да ги користат придобивките од технолошкиот развој и дигитализацијата како начин за носење одлуки. Ако системот на ОН остане во статус-кво состојба, после конфликтот во Украина, знаејќи ја позицијата на Русија, нѐ очекуваат долги и тешки преговори користејќи ги сите досегашни дипломатски механизми и искуства. Ако се замени моделот на носење одлуки, да се напушти сегашниот и се замени со нов, современ, постои можност за нивно подобро функционирање. Третиот модел, пак, е да се користат сите дострели и технолошки достигнувања за носење дипломатски решенија, дигитална дипломатија. ОН се човечка креација и тие, како и секој организам, кога ќе остарат се соочуваат со немоќ, тромавост, помала ефикасност. ОН се најефикасни во кризни ситуации, но, за да се покаже нивната ефикасност, генералниот секретар на ОН, заедно со претседателот на Генералното собрание на ОН, мораше, уште истиот ден кога започна конфликтот, да бидат во Киев, а следниот ден во Москва. Живееме во време на голема неизвесност и нѐ очекуваат големи предизвици. Но, човештвото секогаш наоѓа решение во кризни ситуации, и да се надеваме дека и сега ќе најдеме решенија кои ќе бидат од корист за сите, не само за одредени земји. Светот станува сѐ покомплексен и посложен, но и сѐ повеќе меѓусебно зависен, па затоа, помагајќи си себе си, им помагаме на сите“, рече меѓу другото Иванов на панлот на тема „Ревитализација на мултилатерализмот: ОН и подалеку“.

Учесниците на панелот се согласија дека се неопходни промени и реформи на ОН и Советот за безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ не ги задоволи потребите за струја…

АД ЕСМ на 03.12.2022 година произведe 12.797…

Катастрофално е за тебе и за Србија…

Албанскиот премиер Еди Рама упати порака до…

Досега не можеа – Каевски: Преку планираниот…

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на…

Паника во САД и Јапонија: Не можат…

Вашингтон и Токио нема да можат да…

Османи: Уставните измени што побрзо да станат…

Уставните измени треба што побрзо да станат…