Игор Југ со шокантен статус: “НАШИТЕ” во затворов, 100 пати понечовечки се однесуваат кон нас, отколку што се однесуваа оние од СДС – немојте да ми претите

t

“НАШИТЕ” во затворов, 100 пати понечовечки се однесуваат кон нас, отколку што се однесуваа оние од СДС!

Пак вие директно од тутун ставајте ги ви фотеља!

Немој да сте ме викале на разговори, да ми претите зошто јавно пишувам, не ви идам. Може само да ми одредите самица и со лисици да ме однесете таму!

Мене ич не ми чуе ни од закани, ни од самици, ни од оѕемање поволности…

Ве чекам и да пробате сила да покажете, зошто кога требаше да се покажува, бевте по одмори и боледувања, а колегите ги оставивте сами во минско поле!

Мене најдовте да ме понижувате на 54 години?

Мајсторите можеа да го користат купатилото, чистачите, перачите на коли, само на нас кучкарите ни го заклучивте, на нас лечите комплекси, ние сме собирачи на лајна! Абе комуњарите не ми го заклучуваа, вие на мене тренирате строгоćа, ме понижувате, ми газите по достоинството?

Од злиња цела ноć не заспав, змија да ме касне ќе се отруе.

Јас заслужив на мене да лечите фрустрации???

Зошто лежев како политички затвореник, кога вие бевте “професионалци” и земавте плата од “режимот” кој не пикна в затвор, а сега сте големи фаци, решавате за човечки судбини.

Да, јас заслужив, зошто не бев стариот јас, бев културниот, воспитаниот, будалиот што и болен како пес, работеше како улав.

Ако ми е, кој ме ебе кога сум глуп.

Не очекувајте да ве поздравам кога ćе ве сретнам, можам само новиот директор да го поздравам, тој уште не знае каде дошол, бргу ćе дознае!

Ај сега затворете ме 15 дена во самица, дојде ред и на вас да ме затварате.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Игор Југ со шокантен статус: “НАШИТЕ” во…

"НАШИТЕ" во затворов, 100 пати понечовечки се…

ДУИ: Скандалозни ставовите на Влен и нивните…

Демократската унија за интеграција смета дека се…

КФОР утринава со ново засилување на силите…

На главниот мост на Ибар во Косовска…

Вучиќ се прости од Бора – беше…

Српскиот Претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи…

(Фотогалерија) Oдложено судењето за убиството на Вања…

Судењето за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска…