ИДЕНТИТЕТОТ, ЈАЗИКОТ И КУЛТУРАТА МОРА ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ: Синодот на МПЦ-ОА упати порака до политичарите

t

Апел за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси, упати Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

Синодот на МПЦ-ОА соопшти дека вчера на седница се осврнал на случувањата поврзани со нашиот евроинтеграциски процес. Синодот очекува на транспарентен начин, Владата во содејство со сите надлежни општествено-политички фактори во македонското општество, да изгради став кој целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и култура во рамките на европските вредности. Во овој процес, историските прашања и Договорот за добрососедство со Бугарија не треба да бидат дел од преговарачката рамка.

„Изразуваме надеж дека бугарските власти ќе ја согледаат реалноста и ќе се отповикаат на препораките на меѓународните институции и ќе овозможат на македонското малцинство во Бугарија да ги оствари своите основни човекови права, впрочем, на реципроцитетна основа – имајќи го предвид барањето на бугарската кон македонската страна“, се наведува во соопштението од МПЦ-ОА.

Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА, на својата редовна седница, одржана вчера, разгледа и повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, при што ги усвои годишните епархиски извештаи, како во татковината, така и во дијаспората, и ја проследи дејноста на црковните воспитно-образовни институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Целта на Северна Кореја е да стане…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повторно се…

Ковачевски: Мојата енергетска визија е да бидеме…

„Мојата енергетска визија е да бидеме европски…

Петти конгрес на ДОМ: Морачанин единствен кандидат…

Демократската обнова на Македонија денеска треба да…

Ќе се унапредуваат билатералните односи: Османи во…

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска…

Зеленски: Неуништлив народ на неуништлива земја, слава…

Неуништлив народ на неуништлива земја! Денес го…