Објавено на:

Изборите во Бугарија се’ поизвесни: Трифонов нема да преговара за формирање влада

t

Лидерот на „Има таков народ“ и забавувач Слави Трифонов во специјална изјава што ја пренесе неговата ТВ 7/8 и објавена на Фејсбук се истакнува дека на неговата партија не ѝ е место во овие бесмислени лицемерни преговори, јави дописникот на МИА од Софија.

Трифонов истакна дека нема да учествува во лицемерна влада и оти неговата партија нема да даде поддршка и повика на предвремени избори. Неговата изјава уследи по состанокот на пратеничката група на „Демократска Бугарија“ од Народното собрание, што беше пренесуван во живо без исклучени микрофони.

Во снимката, заменик-претседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов на својата пратеничка група објаснува дека во Бугарија ќе има предвремени избори околу 16 октомври. Снимката се појави на социјалните мрежи и медиумите и наиде на многу коментари за слобода на говор.

На средбата Иванов рече дека лидерката на БСП Корнелија Нинова ќе го задржи третиот мандат најдоцна до 15 август, додека не се изберат претседателите на Антикорупциската комисија и на Комисијата за регулација на енергетика и води.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се “заглавуваме” за нови 250 милиони евра:…

Владата донесе одлука за издавање на хартии…

Ковачевски: Не е точно дека не реагираме…

Премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско…

Овчаров: Северномакедонски простаци, сега сите видоа какво…

Бугарскиот новинар Николај Овчаров, во колумна за…

Бугарија ги повикува нејзините државјани во најскоро…

Во врска со комплицираната ситуација, Министерството за…

Се јави и “македонскиот Бугарин” Митрев: Примитивизам…

„Покажавме примитивизам и во какво болно општество…