Објавено на:

Избори во Унгарија: Какви се шансите на Орбан за нова победа?

t

На утрешните избори во Унгарија не се се очекува промена на владеачката коалиција, предводена од ФИДЕЗ, вели во изјава за Фокус поранешниот македонски амбасадор во Бидумпешта Игор Есмеров.

-Последните анкети укажуваат на стабилна разлика од 5-6 отсто во корист на ФИДЕЗ. Тоа што е безмалку сигурно е дека ниту една коалиција не треба да очекува двотретинско мнозинство. Квантумот на неопределени гласачи е околу 10 отсто од гласачите, но нереално е да се очекува дека сите неопределени гласачи би гласале за сегашната опозиција – вели Есмеров.


Врз основа на претходните изборни искуства, тој анализира дека неопределените гласачи, доколку се определат и решат да излезат на гласање, 60 отсто од нив би гласале за опозицијата, а 40 отсто за владеачката коалиција, што, според него, е недоволно за некој драматичен пресврт во корист на опозицијата.

-Главни адути на ФИДЕЗ се економските перформанси на државата, кои во услови на пост-ковид и војна на европско тло, ја задржаа кондицијата, без поголеми осцилации. Цените на храната, облеката и енергенсите се незначително зголемени и во голема мера е задржана економската стабилност и сигурност на граѓаните. Главен адут на опозицијата се ветувањата за поголем степен на демократија, либерални вредности и почитување на човековите права и вредности – објаснува Есмеров.

Како што веќе пишувавме, од утрешните избори зависи дали Унгарија ќе ни го врати поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во оваа држава од администрацијата на Виктор Орбан, меѓутоа опозицискиот фртонтмен Петер Марки-Зај најави дека, ако го „пензионира“ Орбан, ќе го екстрадира Груевски во Македонија.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан – Ле Пен: И во време…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со…

Села: Мислам дека ќе имаме избори во…

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на…

Ле Пен пред вториот круг од француските…

Победата никогаш не била поблиска, рече екстремно…

Се сретнаа Вучиќ и Ѓилас: Нови избори…

Ѓилас по средбата со Вучиќ: Побарав нови…

Проблеми за Вучиќ: Претседателските и парламентарни избори…

РИК: Парламентарните избори се повторуваат на 54,…