Извештај на ЕУ: И Европејците сакаат поагилна и поправедна Унија

Граѓаните на Европската унија би сакале блокот од 27 нации да стане поправеден, да покаже поголема солидарност, да ја води борбата против климатските промени и да носи побрзи одлуки, дури и ако тоа значи укинување на потребата од едногласност за некои прашања, се вели во извештајот на ЕУ.
Извештајот е резултат на едногодишни консултации со граѓаните од страна на институциите на ЕУ, процес наречен Конференција за иднината на Европа, и ги наведува идеите за промени, од кои некои ќе бараат измена на договорите на ЕУ.
Доставените 49 предлози сега ќе бидат разгледани од Европскиот парламент, владите на ЕУ и Европската комисија, која е единствената која може да предложи нови закони на ЕУ.
– Веќе следниот месец ќе утврдиме што е потребно за да ги реализираме вашите предлози и да одговориме најдобро што можеме, нагласи шефицата на Комисијата Урсула фон дер Лајен пред пратениците на ЕУ во Стразбур.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е мажот од Радовиш кој на…
Лицето кое денеска стана популарно на социјалните…
(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер ја…
Поранешниот италијански премиер Романо Проди денеска призна…
Двајца иселеници од Македонија загинаа во сообраќајка…
Возилото, камионче, во кое се наоѓале директно…
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
Млади возачи од Македонија рушат рекорди во…
За време на голема полициска акција на…