Објавено на:

Извршен увид на македонско-грчката граница каде беше пронајден починат мигрант, познато што се случило

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место во близина на македонско-грчката граница, каде вчера беше пронајдено безживотно тело на мигрант.

Смртта на мигрантот ја пријавиле група други мигранти, според чии тврдења сега покојниот заедно со уште две лица им наплаќале по 800 евра за да ги пренесат од Република Грција во земјава, а потоа со товарен воз кон границата со Република Србија. Кога ја поминале македонско-грчката граница, кај граничниот камен 53, тројцата организатори се скарале меѓусебе при што едниот извадил остар предмет и му задал убод на оштетениот. По ова, дел од мигрантите и напаѓачот избегале од лице место, додека неколкумина останале и се обиделе да му помогнат на оштетениот кој набрзо починал.


Со цел да се утврди фактичката состојба и идентитетот на починатото лице, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, ДНК анализа и споредба на папиларни линии. Кај починатиот бил пронајден документ за престој во Република Грција чија веродостојност се утврдува, како и мобилен телефон кој е даден на вештачење.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се вжештува атмосферата пред Влада

Се вжештува атмосферата пред Владата. Иако во…

Познат е новиот ковид биланс, бројот на…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Средба на Пендаровски со претседателот на Европскиот…

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со…

Левица: Во 19:00 часот се гледаме пред…

,,СОГРАЃАНИ, ПАТРИОТИ, МАКЕДОНЦИ - ПРОТЕСТИТЕ ЗА ОДБРАНА…

Арсовска ги испрати средношколците кои ќе учествуваат…

За прв пат македонски тим на средношколци…