Извршниот директор на Дојче банк: Постои опасност од глобална рецесија

t

Извршниот директор на Дојче банк, Кристијан Севинг, рече дека светската економија би можела да биде на пат кон рецесија додека централните банки се борат против инфлацијата.

„Би рекол дека имаме најмалку 50% шанси за глобална рецесија“, рече Севинг на финансискиот самит во Франкфурт.

Според него, шансите рецесијата да ги погоди САД и Европа во втората половина на 2023 година се поголеми од претходните предвидувања на банката пред почетокот на конфликтот во Украина.

Севонг истакна дека светската економија се соочува со зголемен притисок, вклучувајќи проблеми со инфлацијата и синџирот на снабдување. Тој очекуваше централните банки да ги зголемат каматните стапки како одговор на зголемената инфлација, истакнувајќи дека темпото е изненадувачко.

Минатата недела Федералните резерви на САД го објавија своето најголемо зголемување на каматните стапки од 1994 година, зголемувајќи ги стапките за три четвртини од процентниот поен бидејќи економијата продолжи да слабее.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црни прогнози на Блумберг: Америка сигурно оди…

Рецесија сигурно ќе започне во САД во…

Директорот на “Дојче банк” предупредува: На Германија…

Извршниот директор на Дојче банк, Кристијан Свинг,…

Германската централна банка: Рецесијата во Германија е…

Рецесијата во Германија, најголемата според обемот економија…

Лиз Трас: Рецесијата во Британија не е…

Фаворитот во трката за лидерската позиција на…

Британија може да се соочи со рецесија

Британската инфлација се искачи на највисокото 40-годишно…