Објавено на:

Извршниот директор на ТикТок на сослушување пред Конгресот на САД

t

Членовите на американскиот Конгрес на седница го обвинија извршниот директор на ТикТок, Шу Зи Чу, дека апликацијата овозможува достапност на штетна содржина и предизвикува „емоционална вознемиреност“ кај младите корисници.

Републиканската пратеничка Кети Мекморис Роџерс на почетокот на сослушувањето во Конгресот изјави дека за неколку минути по отворањето нов налог на ТикТок, алгоритмот на апликацијата промовира самоповредувачка содржина, нарушувања во исхраната и поттикнува опасни „предизвици“ кои можат да ги загрозат животите.

Демократскиот пратеник од Њу Џерси Френк Палоне рече дека содржината достапна за децата на ТикТок го влошува кај децата „емотивниот стрес“, додека републиканскиот претставник Боб Лата рече дека 10-годишното девојче се задавило кога се обидело да го изведе таканаречениот „предизвик за затемнување“, што таа го видела во видео на апликацијата.

Законодавците го прашаа Шу дали кинеската влада може да пристапи до корисничките податоци на Американците, и како спречува штетната содржина да стигне до младите корисници.

Извршниот директор на ТикТок изјави дека иако „огромното мнозинство“ корисници на апликацијата се над 18 години, компанијата вовела мерки за заштита на младите луѓе кои ја користат. Тој додаде дека содржините како што се потенцијално опасни предизвици се забранети на ТикТок.

Апликацијата неодамна воведе повеќе алатки кои овозможуваат родителска контрола врз содржината, а претходно овој месец компанијата објави дека почнала работа на функција која ќе им овозможи на родителите да ги блокираат тинејџерите да гледаат клипови од апликацијата што содржат одредени зборови или хаштагови.

Конгресното сослушување на директорот дојде откако администрацијата на Џо Бајден се соочи со зголемен притисок од пратениците да ја забранат апликацијата поради национална безбедност.

Апликацијата ТикТок е во сопственост на кинеската компанија „ByteDance“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мировни активисти упаднаа во американскиот сенат: Ако…

Мировни активисти го прекинаа американскиот државен секретар…

Американците вратија за нападот на нивната база:…

Американската армија изврши повеќе воздушни напади во…

Извршниот директор на ТикТок на сослушување пред…

Членовите на американскиот Конгрес на седница го…

Очајнички се потезите на Додик за прекин…

Американската амбасада во Сараево денеска оцени дека…

Агелер сѐ уште не открива имиња од…

Соединетите Американски Држави сѐ уште не ги…