Изгоре куќа во Скопје

t

Куќа на ул. „1737“ во близина на Адвокатската улица во Скопје изгоре во пожар што избувнал ноќеска. Во Пожарна бил пријавен во 3.20 часот и интервенирале 13 пожарникари со шест возила.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, за МИА изјави дека пожарот зафатил површина од околу 350 квадратни метри и дека бил во фаза на распламтување низ целиот објект кога пожарникарите дошле да го гасат.

Почнат е од подрумските простории, проширен е на приземје и на катот, рече Томевски, додавајќи дека е изгаснат и во моментов се расчистува локацијата, а бидејќи се работи за стар објект, изграден од дрво, на терен е сè уште противпожарна екипа.

Сопствениците на опожарената куќа ја имаат издадено под кирија и во неа работат печатница и адвокатски канцеларии. Тие беа на местото на пожарот и се сомневаат дека е подметнат зашто во септември изгорела и соседната куќа, како што велат – исто така во недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проблеми во рајот: Американскиот Конгрес не може…

Aмериканската влада се подготвува за прекин на…

Петков се налути: Не може македонските служби…

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков се налути…

Состојбата е АЛАРМАНТНА: Косово е пред меѓународна…

Вознемирувачки и алармантни се состојбите настанати во…

Португалскиот МНР го охрабрил Османи да го…

На маргините на 78-то заседание на Генералното…

За еден ден се изгаснати 33 пожари,…

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани…