ИЗГУБИЛ ПАРИ НА АПАРАТИ ВО МАЏАРИ: Се вратил со пушка во казиното!

Обвинителството спроведе истражна постапка против 27-годишен скопјанец кој ограбил казино во Маџари, откако претходно изгубил пари играјќи на апарати во казиното.
„На 30 јануари, во казино на улицата Жан Жорес во населбата Маџари, осомничениот со употреба на огнено оружје и сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на двајца оштетени одзел 22.500 денари. Откако претходно изгубил парични средства додека играл на ВЛТ апарати, тој излегол од казиното и си заминал, но по кратко време се вратил и од под јакната извадил автоматска пушка. Оружјето го насочил кон оштетените вработени и го репетирал, влегол зад пултот и побарал да му ги дадат парите. Еден од вработените му дал 22.500 денари, по што осомничениот си заминал“, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Оттаму попладнево доставило предлог за определување притвор за осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Столтенберг се плаши: На Украина итно и…
На Украина итно и е потребна противвоздушна…
Денеска се празнува Светиот маченик Созонт
Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во…
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и топло со мала…
Времето денеска ќе биде сончево и топло…
(Видео) Судири какви што Европа подолго време…
Во судирите што избија на протестите во…
ХОРОР: Малолетници силувале 13-годишно девојче во Келн
Тринаесетгодишно девојче било сексуално злоставувано од момчиња…