Измамена жена од Тетово за добивање хуманитарен стан

Триесет и деветгодишна жителка на скопско село вчера во тетовската полиција пријавила измама. Таа поверувала на измамник дека ако даде пари за трошоци, тој преку хуманитарна организација ќе и обезбеди стан.
-Според пријавеното, лицето и ветило дека ќе и помогне да ѝ доделат стан преку хуманитарна организација, но за подмирување на одредени трошоци побарало од неа преку таксист во Тетово да му испрати извесна сума пари. Како што е пријавено, таа му ги дала парите на таксистот, а лицето со кое контактирала телефонски не се појавило во Тетово, по што сфатила дека е измамена, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Полицијата сега презема мерки за расчистување и документирање на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Руски проектили погодија трговски центар во…
Руски ракетен напад во понеделникот погоди преполн…
Изменет законот за недела неработен ден, дознајте…
Собранието ги усвои измените и дополнувањата на…
Путин го потврди учеството на самитот Г20
Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата…
,,Туширајте се кратко, носете џемпери и дебели…
Германскиот вицеканцелар, шеф на „супер-министерството“ за економија…
Русија со кибер напад кон Литванија како…
Државни и приватни институции во Литванија се…