Изминатата недела дури 3.980 граѓани ја искористиле жичницата до Милениумскиот крст

t

Во периодот од 20 до 27 јануари за превоз со жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст имало интерес од 3.980 граѓани, односно само за време на викендот (22 и 23 јануари) 2.893 граѓани го посетиле Водно и ја искористиле жичницата. Овој податок говори за големиот бенефит кој што го почувствуваа скопјани со реактивирањето на жичницата.

Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година. Во периодот ноември – март жичницата работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот (поради сервис), од 10 до 17 часот.


За возење во жичницата важат протоколи за заштита од Ковид 19 – во кабина се дозволува превоз на максимум 4 лица, кои имаат обврска да носат маска. На патниците пред влез во кабината им се мери температура и се врши дезинфекција. Кабините се дезинфицираат трипати во текот на денот.

За граѓаните на користење се отстапуваат и два транспортера за превоз на домашно милениче (куче со мал/среден раст), а дозволен е и превоз на куче-придружник на лицата со хендикеп.

До Средно Водно сообраќаат три автобуски линии – бројот 25 (Транспортен центар – Средно Водно) сообраќа секој ден освен понеделник, како и броевите 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) кои сообраќаат само за викенди и државни празници. Сите три линии за време на викендите и државните празници се бесплатни за граѓаните. Возниот ред за овие три автобуски линии граѓаните можат да го погледнат на Интернет – страницата на ЈСП Скопје, www.jsp.com.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторно голем број санкционирани возачи за едно…

Министерството за внатрешни работи во текот на…

Приведен скопјанец: Крадел од возила на паркингот…

На 02.07.2022 во 06.40 часот на ул.„11ти…

Утре без струја ќе останат неколку скопски…

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре без…

(Видео) Поплава на “Пластичарска”, возила се заглавени…

Силно невреме со силен ветер, дожд и…

Изменет режим на движење на дел од…

ЈСП „Скопје“ ги информира патниците дека денеска…