(Видео) Израелскиот генерал му порача на Хамас: Ги отворивте портите на пеколот, ќе платите!

Израелскиот генерал Хасан Ајлан и се обрати на јавноста во врска со нападот на Хамас.
„Сакам да кажам само едно: Хамас ги отвори портите на пеколот во Појасот Газа. Хамас донесе одлука и ќе сноси одговорност и ќе плати за своите постапки. Она што се случи претходно, никогаш повеќе нема да се повтори. Ќе ја промениме ситуацијата во Газа во следните 50 години. Бев командант на Јужниот воен округ, му го кршевме грбот на Хамас додека не не спречија политичарите. Тоа никогаш повеќе нема да се повтори“, вели тој во видеото на социјалната мрежа Х.
🚨BREAKING: Israeli IDF Major General Ghasan Alyan declares that Hamas has opened the gates of hell into the Gaza Strip and will pay for its deeds.#Israel #Hamas #Palestine #Mossad #Jerusalem #IsraelUnderAttack #AlAqsaFlood #TelAviv #Gaza #Iran #IStandWithIsrael pic.twitter.com/so92ZiXfID
— Blogsroom (@theblogsroom) October 7, 2023
Бројот на Израелци кои загинаа во денешниот напад на Хамас се искачи на 100. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, по ракетните напади на Хамас и упадот на неговите членови на израелска територија, изјави дека Израел е во војна.
Хамас држи десетици заробеници како заложници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На хрватските избори во Македонија досега гласале…
До 11:30 часот во странство гласале 5.101…
Избегната трагедија во Канада: Се запали авион…
Авион на компанијата „PAL Airlines“, на летот…
Пандев: Не смееме да си дозволиме да…
Maкедонската фудбалска репрезентација во последниот период зад…
Турција неутрализирала 3038 терористи во 2024 година
Турција во 2024 година спреведе сериозна борба…
Утре пресуда за родителите на монструмот од…
Суд во Белград утре се очекува да…