Израелскиот претседател: Немаме друг избор освен да победиме

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска во своето обраќање до нацијата повика на национално единство, нагласувајќи дека Израелците треба да го задржат духот на херојството и единството бидејќи тоа е нивното најмоќно оружје.
Тој побара од граѓаните да избегнуваат ширење гласини кои му служат на Хамас и да ги слушаат наредбите на командата на Домашниот фронт, пишува „Тајмс оф Израел“.
Неоспорен факт е дека и овојпат државата Израел ќе победи“, рече Херцог и додаде дека нема друг избор.
Тој го нарече нападот на Хамас „непростлив грев, грев предводен не само од убиствена терористичка организација, туку и од зла сила со седиште во Иран, чии полномошници неуморно работат на поткопување на Израел“.
Херцог го нарече Хамас „монструозни животни, кои колат мали деца и стари жени“.
„Моите браќа и сестри: ние сме во војна за нашиот дом“, нагласи тој, додавајќи дека Израел ќе победи.
Херцог рече дека Израел јасно ќе стави до знаење дека е тука засекогаш, на својата земја.
„Победете и градете се повеќе и повеќе за да ги замените куќите што беа уништени“, рече Херцог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел призна дека го убил лидерот на…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, во…
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска по интензивните…
Можен прекин на огнот меѓу Израел и…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска отпатува во…
Унгарскиот кредит и Декларацијата за признавање на…
Собранието денеска ќе одржи три последователни седници.…
Новиот сириски лидер: Немаме намера да влегуваме…
Шефот на сириската бунтовничка група „Хајат Тахрир…