Израел го обнови снабдувањето со вода за Појасот Газа!

Висок израелски функционер потврди дека Ерусалим го обновил снабдувањето со вода во Појасот Газа, откако истиот беше прекинат по терористичкиот напад на Хамас минатата сабота.
Одлуката ја објави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, кој за Си-Ен-Ен изјави дека неговите израелски колеги го информирале за потегот во последниот час.
Американски пратеник вчера за „Тајмс оф Израел“ изјави дека висок израелски функционер им посочил дека Ерусалим ќе дозволи храна, вода и лекови да влезат во Газа по наметнувањето опсада на енклавата, бидејќи се чини дека се подготвува за копнена операција за уништување Хамас.
Американскиот пратеник појасни дека Израел не се обврзал да дозволи снабдување со електрична енергија и гориво во Газа, за кои велат дека не се опфатени со истите правила според законите за вооружени конфликти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел призна дека го убил лидерот на…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, во…
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска по интензивните…
Можен прекин на огнот меѓу Израел и…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска отпатува во…
Новиот сириски лидер: Немаме намера да влегуваме…
Шефот на сириската бунтовничка група „Хајат Тахрир…
„Репортери без граници“: Годинава се убиени 54…
Најмалку 54 новинари се убиени оваа година…