Изјавата на Пендаровски дека Гоце Делчев е Бугарин главен аргумент на бугарските историчари во ЕУ

t

Гоце Делчев се декларирал за Бугарин и во исто време се борел за самостојна македонска држава, изјави 2019 година претседателот Стево Пендаровски во интервју за „360 Степени“.

Пендаровски додаде дека станува збор за два неспорни историски факти и ова го понуди како компромисен пристап кон ликот и делото на револуционерот, чие дефинирање донесе тензии на релација Софија-Скопје во изминатиот период и ги затегна односите меѓу двете земји.

-И еве можеби да излезам надвор од мојот мандат, бидејќи во изминативе неколку недели имав интензивна комуникација со луѓе што се разбираат во таа работа, затоа што јас сум сигурен дека тоа постепено станува политички проблем. Тврдам дека тоа допрва ќе станува политички проблем ако пристапот од бугарска страна продолжи да биде ваков. Значи, неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку познавање од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Но, дали не е историска вистина, стопроцентна, дека Гоце Делчев се борел за македонска држава? Автономија, независна држава, па дури на крајот оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија, изјави тогаш Пендаровски во интервјуто.

И еве, сметката за ваквиот став на претседателот Пендаровски три години подоцна стигна за наплата. И тоа од бугарска страна.

Бугарските експерти, кои за идната недела најавија обраќање до пратениците во Европскиот парламент, во нивната декларација го наведуваат токму ова:

-Во 1903 година избувнува масовно востание, кое ги опфатило сите Бугари на територијата на империјата. Негови водачи се раководителите на голема нелегална организација, меѓу кои водечко место има Гоце Делчев-денес национален херој и во Бугарија и во РСМ. Тој јасно се определува како етнички Бугарин, што се признава и од многу денешни политичари во РСМ. Во 2019 г. самиот претседател на државата г-дин Стево Пендаровски во едно свое интервју беше категоричен:„Неспорна историска вистина е дека тој (Гоце Делчев) се определувал како Бугарин“!

Пендаровски малку подоцна се повлече од ваквиот став и Гоце Делчев за него стана наша, македонска црвена линија, но тоа бугарските експерти сега не го споменуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ загрижена за зголемениот обем на трговија…

Земјите од Европската Унија се сè позагрижени…

Ахмети: За пет години ќе бидеме членка…

Али Ахмети во денешната честита по повод…

Украина заработила скоро 20 милиони долари од…

Володимир Кудрики, шеф на украинската Укренерго, изјави…

(Видео) Мицкоски го продаде кучата: Oдби да…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување…

Расната дискриминација е против вредностите на ЕУ,…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…