Илиоски го нокаутираше во 1. рунда Манојловиќ
Бобан Илиоски извојува победа со нокаут во првата рунда против Хравтот Борна Манојловиќ во К-1 до 83 килограми. Илиоски продолжува да реди победи и добри настапи.
„Боби, како и секогаш, тргна офанзивно правејќи му пресија на противникот, на што не можеше да му парира на Илиоски. Не ги издржа ножните удари кои му ги зададе Боби, па борбата беше прекината. А Диме како да работеше со 70 отсто од силата. Беше толерантен, попустлив, не покажа офанзива, работеше умерено, како да сакаше само да ја изработи борбата. Можеби е тоа последица на паузата поради болеста што имаше и пиеше лекарства. Но, како и да е, борбата ја загуби на поени. Можно е да направиме реванш во наша организација во Македонија. Но, за тоа ни се потребни финансии и поддршка од нашите институции, па за тоа дополнително ќе ја известиме јавноста“, вели претседателот на Кик бокс маи таи федерацијата на Македонија и селектор на репрезентацијата Дејан Митровски – Урко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах не знаел дека купува пејџери од…
Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…
74-годишна жена од Охрид заврши во болница…
Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…
Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…
Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…
ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…
Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…
20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…
20-годишен возач е тешко повреден откако со…