Или покачување или ќе следува нов генерален штрајк: ССМ поднесе амандман за зголемување на платите во јавниот сектор

t

Сојузот на синдикати на Македонија поднесе предлог-амандман за измени и дополнувања на Буџетот за 2022 година со кој бара да се обезбедат финансиски средства за исплата на 2.806 денари зголемување на платите за вработените во јавниот сектор.

Предлогот, како што информираат од ССМ, е поднесен денеска и очекуваат тој да биде поддржан од сите пратеници особено од партијата која ги прозва да поднесат предлог за обезбедување на финансиски средства за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор.

-Сојузот на синдикатите на Македонија денеска до пратениците достави предлог со амандман со кој бара измена и дополнување на буџетот односно предвидување на средстава со кои основната нето плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и – институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од  Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје да се зголеми за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година сметано од 01.07.2022 година со ребалансот на буџетот“, информира ССМ.

Доколку пратениците не дадат поддршка, од ССМ велат дека како единствена опција останува да ја реализираат најавата за генерален штрајк на 22 овој месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ: За минимум нормален живот на едно…

Владата да донесе одлука за зголемување на…

Статистиката ја побива Владата: Реалната плата е…

Просечната нето-плата во мај достигна 31.407 денари,…

ССМ ѝ вратија на Тренчевска: Социјален дијалог…

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во соопштение…

Алармантно, стануваме се посиромашни: 40.000 денари се…

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство…

Од што ќе живеат тие луѓе? 27.167…

Мајската плата се уште ја чекаат 27.167…