Илон Маск ќе тестира мозочни чипови кај луѓе

t

Neuralink, американска невротехнолошка компанија, кооснована од милијардерот претприемач Илон Маск, почна да регрутира вработени да водат клинички испитувања, посочувајќи дека тие се се поблиску до започнување со тестирање на нивните мозочни импланти на луѓе.
Компанијата објави огласи за вработување на директор за клинички испитувања и координатор на клинички испитувања. Во огласите се наведува дека вработените тесно ќе соработуваат со некои од најиновативните лекари и врвни инженери, како и со првите учесници во клиничкото испитување „Neuralink“, пренесува RT.
„Неуралинк наведува дека директорот ќе го води и ќе помогне во изградбата на неговиот тим за клиничко истражување и ќе ги развие регулаторните интеракции што доаѓаат со средина што се развива брзо и постојано“.
Маск, кој е и најбогатиот човек на светот, со богатство проценето на 256 милијарди долари, минатиот месец изјави дека очекува мозочните чипови „Neuralink“ да бидат вградени кај луѓето во 2022 година, откако доби одобрение за плановите за тестирање од американската агенција за храна и лекови.

Маск и неговите партнери „Neuralink“ ја основаа во 2016 година за да развијат мозочни чипови кои ги поврзуваат луѓето со компјутерите. Тој тврдеше дека имплантите ќе им овозможат на парализираните луѓе да контролираат уреди како паметните телефони со својот мозок. Тој очекува да биде постигнат поголем напредок, вклучително и решенија за многу физички недостатоци со премостување на сигнали меѓу невроните, откако ќе започне со тестирање на луѓе.
Neuralink веќе ги тестираше своите чипови во мозоците на мајмуни и свињи. Компанијата изненади многумина минатиот април, кога објави видео на кое наводно се гледа мајмун како игра видео игра со својот ум.
„Првите човечки субјекти ќе бидат луѓе со потешки повреди на ‘рбетот, како што се квадриплегичари, рече Маск на самитот на Извршниот одбор на Волстрит журнал минатиот месец.
„Имаме шанса да ја вратиме функционалноста на целото тело со „Неуралинка“ на некој што има повреда на ‘рбетниот мозок“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

674 ново-заболени од Ковид – 98 лица…

Министерството за здравство информира, согласно податоците од…

Од 800 тестирани, само 8 ученици се…

Од 800 тестирани, само 8 ученици се…

Новиот сој омикрон раширен низ основните училишта:…

Во моментов активни се 8.143 случаи на…

За да ги чипира луѓето, Маск пробувал…

Компанијата „Неуралинк“ на светскиот милијардер Илон Маск,…

Ни Шолц не сака Русите да ја…

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пристигна во…