Имаат скоро 80 пратеници и воспоставиле коалиција меѓу мајсторот и чиракот, вели Мурати од Европскиот фронт

Се докажа дека преголемата моќ на власта не донесе благосостојба во држава, изјави на прес-конференција Сали Мурати, пратеникот од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, која е дел од коалицијата Европски фронт.
Toj вели дека како коалиција тие се отворени за соработка со сите политички субјекти во земјата. Според него, со случувањата во коалицијата Вреди се докажало дека тие немаат легитимитет и дека на изборите ќе победи Европскиот фронт.
„Ние сме победници и на претседателските и на парламентарните избори. Ја гледаме внатрешната хармонија, односите со соседите, евроатлантските аспирации, слободата на медиумите… Имаат скоро 80 пратеници и воспоставиле коалиција меѓу мајсторот и чиракот. Тие знаат дека самиот Арбен Таравари призна дека 70% од гласачите немаат доверба во нив и дека не се ценети во нивните коалициски редови“ рече Мурати.
Тој нагласи дека Mакедонија ќе влезе во подлабока политичка криза и како коалиција бараат предвремени парламентарни избори.
„Не сакаме да бидеме во Владата по секоја цена. Демантирам дека сум размислувал. Сум дел од Европскиот фронт“, одговори Мурати на прашањето дали тој или некој од коалицијата има интерес за да пристапи кон владеачкото мнозинство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…