Имаме па ќе даваме на други: Укината забраната за извоз на пченица

Владата на денешната 87. седница донесе одлука и за престанок на важење на одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки, информираат од Владата.
Одлуката за ограничување на извозот се однесуваше на пченица и наполница, брашно од пченица и наполица и семе од сончоглед (кршено или дробено).
„Во предлогот на Министерството за економија за прекин на нејзината важност, донесен, како што е посочено, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се исполнува и обврската од Договорот за безбедносни механизми за храна во Западен Балкан, потпишан на 2 септември 2022 година, на Самитот на Отворен Балкан, одржан од 1 до 4 септември 2022 година во Белград, а со цел да нема забрана за тргување со основните земјоделско-прехранбени производи“, соопштија од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добро утро со Инфомакс: По патот на…
Во чест на големиот македонски револуционер, апостол…
Добро утро со Инфомакс: Еден чоек шчо…
На денешен ден, 18 јануари 1830 година…
Нема поголеми задржувања на граничните премини низ…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Шоле во “проверка” на Западен Балкан: Најпрво…
Високиот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле…
Добро утро со Инфомакс: Во шумата јас…
Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот е македонски револуционер,…