Објавено на:

Имате ли евра по дома? – Европската валута ослабе во однос на доларот

t

Еврото ослабе за 0,15 отсто во однос на доларот, на 1.089 долари, а утрото допре и 1.074 долари – најниско ниво за еден месец.

САД и нивните сојузници подготвуваат нови санкции против Русија поради страдањата на цивилите во неодамна окупираните области околу Киев, што украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече „воено злосторство“.


-Денеска треба да биде објавена нова рунда санкции против Русија, а секоја индикација дека тие ќе влијаат на рускиот извоз на енергија веројатно ќе го задржи еврото под притисок, велат валутните стратези на ING Bank Франческо Песоле и Крис Тарнер во белешката до клиентите.

Индексот на доларот, кој го мери движењето на доларот во однос на шесте најважни светски валути, порасна за 0,12 отсто на 99,6 поени, достигнувајќи 99.759 поени наутро, што е највисоко ниво од мај 2020 година.

Само вчера, индексот зајакна за 0,5 отсто, откако гувернерот на ФЕД, Лаел Брејнард изјави дека очекува методично зголемување на каматните стапки и брзо намалување на билансите на ФЕД да ја доведат монетарната политика на „понеутрална позиција“ подоцна оваа година, по што ќе следи дополнително заострување на политиката, ако е потребно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како во среден век! – Во Македонија…

Домашната јавност се вознемири од веста за…

Литванија од утре без гас

Министерството за енергетика на Литванија соопшти дека…

Руски професор тврди: Војната во Украина е…

Руски професор по политички науки тврди дека…

Следната недела разговор меѓу Вучиќ и Путин,…

Претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин…

ПОЛНИ ВРЕЌИ СО ГРАНАТИ СРЕДЕ ШИПКОВИЦА: Експлозивните…

Вчера околу 11.00 часот во Полициското одделение…