Има шанси за договор? СОНК и денеска ќе преговара со МОН

t

Претставници на СОНК се на разговори во Министерството за образование, дознава Канал 5 од СОНК.

Се уште не се знае дали вчерашниот цврст став на СОНК генералниот штрајк да продолжи и наредена недела ќе остане или не. Засега останува и ставот на владата дека само 10 проценти може да се зголемат платите во образованието и градинките.


Премиерот Ковачевски рече дека првиот човек на СОНК не бил доволно искрен на прес конференцијата и посочи дека кога се бара зголемување во иднина со новиот закон за плата ќе се бара и квалитет за кои плаќаат граѓаните.

Заврши поддршката на ССМ кон генералниот штрајк на СОНК. Првиот човек на сојузот на синдикатите на Македонија објасни дека вчерашната прес конференција смета дека претседателот на СОНК Јаким Неделков не ја говорел вистината до крај и кога ќе ги поведе луѓето во штрајк кои се последиците.

Секој има право на штрајк, но штрајкот не е авантура. Ветувањата како синдикалец мора да се базираат на закони, колективни договори, а не да се пазариш, рече за Канал 5 Дарко Димовски претседател на ССМ.

Штрајкот во градинките и училиштата трае две недели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжување на преговорите со Украина си има…

Ако Киев се обиде да се врати…

МОН ќе одвои средства за реконструкција на…

Околу 40 милиони денари годинава ќе инвестира…

Медински: Русија е спремна да преговара со…

Помошникот на претседателот на Русија, шеф на…

Добра вест: Наставниците ќе земат цела плата…

Прифатени се сите препораки на посредникот кој…

Ковачевски го поздрави договорот меѓу СОНК и…

Премиерот Димитар Ковачевски го поздрави договорот за…