Им се гyби секоја трага: Полицијaта во потрага по две деца кои иcчезнале од Јавна установа за згрижување во Скопје

t

Две лица, малолетник на возраст од 14 години и 18 годишно лице во текот на вчерашниот ден се оддалечиле од Јавна установа за згрижување деца во Скопје. Надлежните во Установата пријавиле во МВР, од каде што соопштиваат дека се работи на пронаоѓање на лицата.

На 27.12.2021 во 14.00 часот во СВР Скопје, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Л.Д.(18), која и претходно во повеќе наврати се оддалечувала и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 27.12.2021 во СВР Скопје, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(14), кој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетник истепан од лица кои ги познавал

На 04.02.2023 во 21:30 часот во СВР…

Чепна кај што не треба: МВР во…

Во текот на вчерашниот ден, Бугаринот Виктор…

МВР најостро ги осудува лагите дека бугарска…

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира…

МВР ја затвори за сообраќај „Самоилова“ кај…

МВР соопшти дека од денеска се воведува…

МВР: Сите мора да ги заменат старите…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…