Индиец доби судски спор за 25 центи по 22 години

t

По речиси 22 години, Индиец го добил судскиот спор околу билет за железницата преплатена за 25 центи, пренесува во четвртокот BBC.

На адвокатот Тунгнат Чатурведи во 1999 година во сојузната држава Утар Прадеш му биле наплатени дополнителни 20 рупии, односно 25 центи од американскиот долар, за два билети за железницата.

Минатата седмица судот за спорови во врска со потрошувачките права пресудил во полза на Чатурведи и побарал од железничкиот оператор враќање на парите со камата.

Бев на повеќе од 100 рочишта во врска со овој случај. Но нема цена за загубеното време и за енергијата што ја вложив во овој случај, изјавил сега 66-годишниот Чатурведи.

Пред 22 години Чатурведи, кој живее во Утар Прадеп, патувал од Матуара за Морадабад кога контролорот двата билета наместо 70 му ги наплатил 90 рупии.

Судовите за потрошувачи во Индија се инаку многу оптоварени и парниците понекогаш траат со години, потсетува BBC.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…