Објавено на:

Индискиот премиер му рекол на Путин дека “сега не е време за војна”

t

Индискиот премиер Нарендра Моди му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека „сега не е време за војна, бидејќи светот е многу загрижен за безбедноста околу снабдувањето со храна, енергија и ѓубрива”.

„Знам дека сега не е време за војна и Ви кажав за тоа по телефон”, му рекол Моди на Путин на маргините на самитот на регионалниот безбедносен блок во Узбекистан, додавајќи дека демократијата, дипломатијата и дијалогот го држат светот заедно.

Путин рекол дека ја разбира загриженоста на Моди за војната во Украина.

„Го знам Вашиот став за конфликтот во Украина и ги знам Вашите причини за загриженост. Сакаме сето тоа да заврши што е можно поскоро”, рекол Путин на средбата со Моди.

Моди и Путин разговараа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка, чии постојани членки, заедно со Индија, ги вклучуваат Кина, Русија, Пакистан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Индискиот премиер Моди ја отвори новата индиска…

Новиот центар се наоѓа во градот Сурат,…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…