Објавено на:

Индонезискиот претседател соопшти: Ќе се инсистира за средба Путин-Зеленски на самитот на Г20

t

Рускиот претседател Владимир Путин го прифати повикот на самиот Г20, кој ќе се одржи на индонезискиот остров Бали во ноември.

Синоќа разговарав телефонски со рускиот претседател кој изрази благодарност за повикот на самитот Г20 и го потврди своето присуство, изјави претседателот на Индонезија, Џоку Видодо.


Вчера и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави дека на повик на индонезискиот претседател ќе присуствува на самиотот Г20.

Видодо истакнал и дека во разговорот со Путин било зборувано и за важноста од постигнување на мировен договор со Украина и итен прекин на огнот во оваа земја

Индонезија сака да ги обедини членките на Г20. Немојте да дозволите да дојде до распад. Мирот и стабилноста се клучни за развојот на светската економија, рече Видодо.

Американскиот претседател Џо Бајден и неговите советници и натаму расправаат за тоа како да му пристапат на овој самит, откако домаќинот го потврди присуството на Путин. Бајден претходно  порача дека Русија треба да биде исфрлена од Г20, а повеќе членови од неговата администрација ги напуштија настаните на Г20, каде присуствуваа и руски колеги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски до фестивалците на Гластонбери: Проширете ја…

Покрај сите светски имиња како Били Ајлиш,…

Зеленски: Ова е победа, чекавме 120 дена…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече „победа“…

(Видео) Зеленски: Утре започнува историска недела, ќе…

Мислам дека на сите им е очигледно…

(Видео) Се додека сте живи постои силен…

По враќањето од фронтот на југот на…

Зеленски со тајни наредби од Западот: Еве…

Економските штети што овие европски земји ги…