ИНСПЕКТОРАТОТ КОНСТАТИРАШЕ НЕЗАКОНИТОСТ: Опомена за лекарот кој издавал медицински извештаи само на албански јазик

t

Откако политичката партија Левица алармираше на непочитување на законот од страна на лекари во Тетово, кои медицинските извештаи ги давале само на албански, а не и на македонски јазик, Инспекторатот за јазици констатираше незаконитот кај овие извештаи.

-По претставката што правниот тим на Левица ја поднесе против доктор Кастриот Аџиреџа од Тетово, кој лекарските извештаи ги издаваше само на албански јазик, Инспекторатот за јазици при Министерството за правда издаде РЕШЕНИЕ со кое се утврдува дека има прекршување на законот од страна на докторот, објавија и од Левица.

Имено, Инспекторатот по извршениот инспекциски надзор, констатирал дека докторот го прекршил член 6, став 2 од Законот за употреба на јазиците, според кој лекарските извештаи, задолжително се пишуваат на македонски јазик и на докторот му изрекол инспекциска МЕРКА – Опомена со рок за отстанување на утврдените недостатоци. Доколку во утврдениот рок докторот не ги отстрани укажаните недостатоци, Инспекторатот ќе донесе друга инспекциска мерка, согласно Законот за Инспекторат за употреба на јазиците.

Деградирањето и непочитувањето на македонскиот јазик во континуитет се мотивира од страна на етничките политички партии, како пракса која се рефлектира и на институционално ниво, велат од партијата.

Додека владата на Ковачевски молчи пред зачестените вакви негирања кои доаѓаат од нејзини коалициони партнери, Левица ќе продолжи да се спротиставува на сите негативни тенденции кои го понижуваат македонскиот идентитет, пишува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По барање на Левица, МОН ги одзеде…

Секој ученик заслужува безбедна образовна средина. Драматичните…

Апасиев бара одложување на лидерската средба! Утре…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, предмалку на…

(Фото) Европратеникот од Ирска, Мик Волас: Левица…

Познатиот европратеник од Ирска Мик Волас кој…

Левица: Касами повика на рушење на уставниот…

Првиот човек на Движењето Беса и актуелен…

Левица: Македонските власти ја премолчуваат бугаризацијата на…

Власта во Македонија ја премолчува бугаризацијата на…