„Институциите за бopба против kpиминалот и kopупцијата се партизирани“: Трајанов бара бecкомпромисна бopба против крупниот kpиминал и преиспитување на монтираните cyдски процеси

t

Пoвторно се спомнуваат реформи на правосудниот систем, но треба конечно да се спроведат, побара пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

„Очекувам од понеделник од новата влада да почне со бескомпромисна борба против крупниот криминал. Седум институции се вклучени во борба против криминалот и корупцијата, но тие се многу партизирани. Предлагам да се донесе нов закон за борба против организираниот криминал и корупција. Предлагам да се преиспитаат монтираните судски процеси, зашто слоганот од Шарената револуција ‘Нема правда нема мир’, ќе тлее и натаму, зашто нема правда. Ако нема правда, бега капиталот, младите ги напуштаат границите и не се враќаат”, рече Трајанов на денешата расправа за избор на нова влада во Собранието.
Побара Македонија да биде една изборна единица. Рече дека промените во Изборниот се само за предност на четирите големи партии и затоа тие држат предност на изборите.


Трајанов побара од новата влада парламентот да биде вклучен во разговорите со Бугарија, бидејќи само на тој начин овој процес ќе биде транспарентен.

Побара и дипломираните млади луѓе треба да работат еден период на сметка на државата. Тука, рече, да се внимава фалсификуваните дипломи да се лоцираат, многу од дипломираните не знаат што е ректор, декан, ректорат.

„Дајте единство и сплотување за стратешките теми. Гледајте кон младите, дајте да станеме информатичка сила, зашто одиме кон тоа”, смета Трајанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ и САД исплашени: Заедничкиот настап на…

Неодамнешната заедничка изјава, усвоена од Русија и…

Вака се стабилизира Влада: Претседателот на огранокот…

Струмичкиот бизнисмен Столе Лазаров, сопственик на неколку…

Трајанов пак ја тpece Владата на Ковачевски:…

Помалите парламентарни партии кои се дел од…

Павле Трајанов повторно го тpece мнозинството: Од…

Заедно со другите помали партии одамна бараме…