Интегра прашува: Зошто Мицкоски го промени ставот? Тешко нас ако Бугарите влезат во Уставот

Мемето подолу е стигнато до нас како партија, од граѓани кои ги боли ситуацијава…им благодариме за нивниот придонес.
Деновиве, јавноста е активна околу флип-флоп политиките на опозициската ДРПНЕ и притисокот за промена на Уставот.
Флиперсите од ДРПНЕ неумешно се носат со уцените и лавираат неспретно во непознат правец, а всушност оддамна имаат ветено дека ќе бидат конструктивна опозиција.
ИНТЕГРА по кој знае кој пат ОПОМЕНУВА:
– диктатот на бугарскиот официјален екстремизам за внес на бугарското малцинство во македонскиот Устав е ПРВЕНСТВЕНО поради отворање на вратата за влез во општествените процеси внатре во Македонија со нивната добро позната политика на асимилација на се’ што е македонско. Тоа подразбира процес на отворање на бугарски училишта со пари од нашиот буџет, бугарски паралелки на бугарски јазик во основно образование, бугарски дневни весници на бугарски јазик, портали, телевизии, медиуми, невладин сектор, разни културни институции…се’ што ќе им биде во полза на ширење на великобугарските претензии кон македонскиот идентитет.
Во тој пеколен процес на непријателства одвнатре, како нација ќе имаме многубројни жртви на таа асимилаторска пропаганда и наместо да се бавиме со просперитет, ќе се бавиме со ‘бркање на уште една змија отровница по дома’, незнаејќи кога и кого се’ може да касне…
Прашање до сите: Зошто би ни бил потребен еден таков погубен процес, да не речам луксуз, без никаква особена потреба во оваа фаза?
Зошто по втор пат, од ‘готовина правиме вересија’, по истиот модел како со Преспанскиот договор кога имавме во рака 143 држави кои не беа нас признале под Уставното име, а ги помноживме со нула и станавме робови на сопствената глупост…зошто?
ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија ВЕТУВА дека се’ ќе се врати во границите на нормалното и разумното, по секоја цена и со сите расположливи средства и капацитети кои ги има Македонецот. Таа света задача за нас подразбира:
1. Поништување на Преспанскиот договор и враќање на состојбата пред промената на Уставот со цел промена на Уставното име. ‘Северна’ МОРА да испари од јавниот простор во Македонија во првите 100 дена од владата на ИНТЕГРА. Знаеме како, и имаме со кого да направиме тотален ‘ришафл’ на процесите, а без да ги загрозиме НАТО и ЕУ перспективите.
2. Промена на преговарачката рамка со ЕУ, вадење од игра на погубниот француски предлог и воведување на сцена на новата доктрина на надворешната политика на државата Македонија ‘COUNTERVEIL ALLIANCE’ во односите со ЕУ и со соседите.
Генералната цел ќе биде постигната: МАКЕДОНИЈА силна и стабилна држава, Татковина на Македонскиот народ и посакуван дом за секоја душа човечка која е родена, чекори и твори на ова парче СВЕТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА. Привилегија и чест ќе стане стекнување на македонско државјанство, а државата Македонија ќе стане почитуван фактор на меѓународната сцена. Сме биле и пак ќе бидеме, само треба ХРАБРОСТ ЗА ПРОМЕНИ и да донесеме власт каква што заслужуваме и посакуваме секој од нас, длабоко во нас.
ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…