Интерес за вакцинација против Ковид-19 нема ама властите ќе набавуваат половина милион дози

Доцнат детските вакцини против Ковид кои требаше да стигнат до април. Се уште не се знае дали и кога ќе бидат испорачани планираните 10.000 дози Фајзер за деца од 5 до 11 години. Тие се дел од половина милион вакцини кои лани ги резервираше државата од овој производител. Неофицијално здравствените власти планираат да ја преполоват количината и да купат околу 200.000, но не се откажуваат од педијатриските дози.
Во меѓувреме во државата има 380.000 вакцини Фајзер. Поголемиот дел имаат краен рок до август, а на дел рокот им истекува на крајот на мај и јуни.
– Со цел континуирано и навремено обезбедување доволно количини вакцини и да не дојде до недостиг од истите, како и следејќи го интересот за вакцинација во процес сме на обезбедување дополнителни количини вакцини за деца и за возрасни, согласно проценките за потребите од страна на стручните лица, одговорија од министерството за здравство.
Инаку досега се уништени 67 илјади вакцини против Ковид со поминат рок, а во постапка за уништување се уште десетици илјади дози.
Со намалувањето на бројот на новозаразени и со укинување на ковид мерките значително падна интересот за вакцинација. Според податоците од ИЈЗ минатат недела прва доза примиле само 65 граѓани.
Извор: Сител
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија од 1 јули ќе ги наплаќа…
Германија ќе започне да ги наплаќа брзите…
Хрватскиот МНР позитивен на корона, ќе одат…
Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и…
Ајде нова стота доза: СЗО поддржа употреба…
Советничката група на Светска здравствена организација (СЗО)…
72 новозаразени, од кои 8 реинфекции, 35…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…
60 новозаразени, двајца починати е денешниот Ковид…
Во последните 24 часа, регистрирани се 60…