Интерпелација на министерот Панче Тошковски денеска во Собранието

t

Денеска во 11 часот е закажана седницата број 46 на Собранието на Република Македонија, каде на дневен ред е и точката за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Подносители на интерпелацијата се пратениците од политичката партија Левица, кои во текстот за интерпелацијата нагласија дека МВР има превентивна улога, а Тошковски е министер повеќе од една година, имајќи предвид дека беше и технички министер, период во кој се случија низа на скандали во МВР и државата.

Прва од причините за интерпелација, како што наведуваат од Левица, е трагедијата во Кочани, каде се направени сериозни системски пропусти, неукажување на помош од страна на полицајците, пристрасна истрага, штитење на актуелни функционери во МВР, СВР Штип, ОВР Кочани и слично, одговорност за пиротехниката, закани на социјални мрежи кон критичарите на власта, забрана за дронови со цел задушување на протестите итн.

Покрај Кочани, Левица во интерпелацијата го спомнува и случајот со луѓе во Гостивар кои беа приведени додека чистеа црква, непостапување при палење на македонското знаме, кражба на марихуана која ја чувала полицијата, телохранител на премиерот оддавал службени тајни, непотизам и кронизам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не помина интерпелацијата на Тошковски

Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…

РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ОЧИ МУ КАЖАА…

Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски…

Апасиев: Ај ги поканиме мајките на загинатите…

Зошто да не ги поканиме мајките на…

Интерпелација на министерот Панче Тошковски денеска во…

Денеска во 11 часот е закажана седницата…