Објавено на:

Интер го одбрани Купот на Италија, нов трофеј за нероазурите!

t

Со два гола на Лаутаро Мартинез, Интер со 2-1 ја победи Фиорентина во финалето од Купот на Италија кое се играше на Олимпико во Рим.

Интер по деветти пат го освои Купот на Италија откако вечерва со пресврт дојде до победа против Фиорентина. Сите три погодоци на мечот беа постигнати во првото полувреме. Ова воедно беше и одбрана на овој трофеј кој го освоија и минатата сезона.

Фиорентина имаше почеток како од соништата, Николас Гонзалес постигна гол уште во третата минута и донесе водство на виолетовите од 1-0.

Водството на Фиорентина траеше до 29. минута кога по додавање од Брозовиќ, Лаутаро Мартинез постигна гол за израмнување на 1-1.

Само осум минути подоцна нов гол на Лаутаро, Аргентинецот погоди за комплетен пресврт и водство на Интер од 2-1.

Во второто полувреме Фиорентина имаше шанси за израмнување, но не успеа, по последниот свиреж на судијата фудбалерите на Интер заслужено се радуваа на трофејот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Интер го одбрани Купот на Италија, нов…

Со два гола на Лаутаро Мартинез, Интер…

Столтенберг: Членките на Алијансата не се сложни…

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска…

ЕДНИОТ ГО ПРОНАЈДЕ МРТОВ ПРЕД ШЕСТ МЕСЕЦИ,…

Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта…

(Фото) ТРОТИНЕТ ПЛОВИ ВО ВАРДАР – срамот…

Срамот на граѓаните се поголем од ден…

Легендарната Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст

Легендарната Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст,…