Објавено на:

Инфлацијата во Германија достигна рекорно ниво, највисока во последните 40 години

t

Цените во Германија се зголемија со најбрзо темпо во изминатите четири децении, покажаа податоците објавени денеска, пред се поради руската инвазија врз Украина што влијаеше врз зголемување на цените на енергенсите. Инфлацијата се искачи на 7,4 отсто во април од 7,3 отсто во март, според федералната агенција за статистика Дестатис.

– Цените на енергијата, значително се зголемија од почетокот на војната во Украина со штетно влијание врз инфлацијата, се вели во соопштението на Дестатис.

Последен пат цените пораснаа со побрзо темпо во Западна Германија во есента 1981 година, поради Иранско-ирачката војна што беше причина за „нагло зголемување на цените на нафтата“. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германскиот претседател игнориран при пристигнувањето на Блискиот…

Катарскиот министер за надворешни работи го остави…

Путин: Цел свет им се смее на…

Светот им се смее на некои од…

Германската економија ќе забави без зелена транзиција

Неизвесноста околу распределбата на фондовите ја влоши…

Ќе падне Владата на Шолц? Се бараат…

Лидерот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Маркус Зодер,…

Премиерот на Баварија: Германија е во „сериозна…

Владата на канцеларот Олаф Шолц е „целосно…